28/03/2024
Македонија

Денеска потврдени 33 нови случаи на КОВИД-19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 1.572 лица

Денеска се потврдени 33 нови случаи на КОВИД-19 вкупната бројка на дијагностицирани 1572 лица. Оздравени се 22 пациенти почина едно лице.

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје 2, Куманово 6, Штип 3, Прилеп 7, Тетово 1, Струга 1, Кочани 2.

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Штип 1, Прилеп 5, Тетово 2, Велес 9, Битола 2, Крива Паланка 1.

Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е 1.079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404. 

Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје 526
  • Куманово 404
  • Дебар 51
  • Штип 35
  • Прилеп 1667
  • Тетово 95
  • Струга 67
  • Велес 95
  • Битола 22
  • Охрид 15
  • Кавадарци 5 
  • Гостивар 17
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 6
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 31
  • Пробиштип 2
  • Кичево 2
  • Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 2
  • Делчево 1
  • Валандово 1
  • Виница 2
  • Кратово 1

Направените 332 теста се преку: ИЈЗ 218, Ветеринарен факултет 17, Авицена 13, Биотек 22, Филип Втори (Жан Митрев) 19, Систина со PCR метода 23 и МАНУ 20. Досега во земјата се направени вкупно 18.168 тестирања на КОВИД-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е 1 пациент, а уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на КОВИД-19.