25/04/2024
Македонија

Запленети околу 1000 парчиња пиротехнички средства во Битола

На 23.12.2021 во близина на Градскиот пазар кај Турската менза во Битола полициски службеници кај 50- годишниот А.Љ. од Битола пронашле и одземеле 415 разни видови пиротехнички средства. Истиот ден, во Градскиот пазар Битола кај И.Ц. од Битола биле пронајдени 374 парчиња огномети, а од Е.Р. од Битола одземени биле 66 парчиња.

Во близина на Центарот за култура во Битола од Д.Б. биле одземени 26 парчиња пиротехнички средства, а од Ф. М. пред стоковна куќа биле одземени 71 парче пиротехнички средства. По целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.