29/03/2024
Македонија

Запленети околу 5000 парчиња пиротехнички средства во Тетово, приведено едно лице

Денеска (23.12.2021) во 16.30 часот од страна на полициски службеници од ПС Тетово при преземање мерки по план за откривање на лица кои продават пиротехнички средства, на плоштадот во Тетово е лишен од слобода Р.Ш. (25) од Тетово, кој бил затекнат при продажба на пиротехнички средства.

Запленети се околу 5000 парчиња пиротехника и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.