29/03/2024
Македонија

Започна проектот „И јас сум Дедо Мраз“- да купиме подароци за дечињата во социјален ризик

Деновиве започна хуманитарниот проект „И јас сум  Дедо Мраз“, преку кој се собираат подароци за деца од сиромашни семејства и висок социјален ризик. Мисијата е преку хумани граѓани, организации и институции да се соберат што повеќе подароци и да ставиме насмевки на што повеќе детски лица. Минатата година се собраа преку 3500 подароци, а оваа година ќе пробаме да го срушиме рекордот.

Подароците кои ги купувате, може да се новогодишни пакетчиња, играчки  или алишта. Откога убаво новогодишно ќе ги спакувате, напишете на едно ливче за кого е наменет подарокот ( пол, возраст и што е подарокот). Следното нешто е да се сликате со подароците и да ја поставите сликата на социјални медиуми со хаштаг #ијассумдедомраз. Подароците може да ги оставите до 17 декември во Нано Бар, на 09.12 (недела) во Зоолошка градина Скопје на пункт отворен од 12:00-16:00 или пак да се јавите на телефонскиот број 078 405 264 и да добиете инструкции за достава.

Потоа подароците ќе бидат распределни, и секое дете добива она кое што најмногу би го израдувало. Затоа што сите деца мора да се среќни! Да им ја направиме Новата година навистина среќна и весела!