29/03/2024
Македонија

Известување за неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 22 ноември 2018 година (четврток), Денот на Албанската азбука, е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија им го честита Денот на Албанската азбука.