25/04/2024
Македонија

Известување за ограничен влез излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од пограничните служби на Р.Албанија сме известени дека почнувајќи од 06.00 часот на 13.03.2020 заклучно со 15.03.2020 до 24.00 часот ќе биде ограничен влез излез за сите патници од страна на граничните власти на Република Албанија, кои ќе патуваат на ГП Стење, ГП Св Наум и ГП Блато. Оваа одлука е донесена за сите лица кои патуваат со превозни средства кои се движат кон и од градовите Тирана, Дурс, Скадар, Елбасан, Леже, Лушне, Фиер и Валона.

Исто така, известени сме дека ќе биде дозволен излез на државјани на Р.Албанија кон РСМ во зависност од подрачјето каде живеат и гравитираат кон овие гранични премини.Странските државјани ќе можат да остварат влез на наведените премини, но нема да можат да се движат кон наведените градови.