25/04/2024
Македонија

Изјава на претседателот Пендаровски по гласањето на првиот круг од локалните избори 2021

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на првиот круг од локалните избори 2021, гласаше на избирачкото место 2489.

По гласањето, претседателот Пендаровски изјави:

„Според досегашните информации, еве веќе половина од изборниот ден во првиот круг се одвива во генерално позитивна атмосфера. Јас се надевам дека до крајот на изборниот ден ќе остане така, и се разбира и по 19:00 часот, во периодот кога треба да ги пребројуваме и објавуваме резултатите од локалните избори. Меѓутоа, секоја сериозна држава мора да остане мобилна до крајот на изборниот процес, значи очекувам и на 31 октомври, за време на вториот круг да го задржиме интегритетот и кредибилитетот на избирачкиот процес. Благодарам“.