25/04/2024
Македонија

Контакт телефони на Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје за помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик

Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје апелира до граѓаните да го контактираат центарот секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик. Со пријавувањето на овие случаи граѓаните можат заеднички со институциите ефикасно да делуваат при обезбедувањето помош, но и да спречат евентуални злоупотреби.

Пријавите ги разгледува специјализиран тим формиран минатата година. Тимот постапува по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги во надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје. Специјализираниот тим е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите.

Тимот постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви:

078 230 943

076 381 762