19/04/2024
Македонија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ е лицемерно, им ги кратеше пензиите на пензионерите, сега пензиите се усогласуваат, растат и ќе продолжат да растат

Одговор на новинарско прашање,Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

П: Ваш став околу обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги кратите пензиите

  • Лицемерно е од ВМРО-ДПМНЕ да тврди дека оваа влада ги крати пензиите. Спроведуваме реформа каде што ќе има усогласување на пензиите двапати годишно и пензиите ќе се усогласуваат за 100 отсто од растот за трошоците за живот, а не како тоа што се правеше порано за 50 отсто. Статистичките податоци се доволен и добар показател за тоа дека пензиите растат. Ако го земеме фактот дека во 2017 година просечната пензија изнесувала 13.954 денари, а во 2018 година 14.421 денари, тоа е убав показател дека реформите се спроведуваат, а пензиите растат и ќе продолжат да растат и да се исплаќаат навремено. Нема кратење, има усогласување двапати годишно и тоа за 100 отсто согласно растот на трошоците за живот, за разлика од тоа како се правеше претходно, претходната власт, тоа беше за 50 отсто со што пензионерите не добиваа вистинско зголемување на пензиите.