18/04/2024
Охрид

Кривична пријава за жител од Ботун поради несовесно работење во службата

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.М.(59) од село Ботун, охридско за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата”. На 13/14.08.2018 година пријавениот, како чувар на стовариште на ЈП “Македонски шуми” во Охрид на улица ,,15-ти Корпус”, без известување на претпоставен и без да обезбеди соодветна замена, го напуштил работното место, при што од страна на непознат сторител од стовариштето била одземена приколка со буково огревно дрво, која од страна на вработени во шумска полиција била одземена поради нелегален превоз.