29/03/2024
Македонија

Кривична пријава за охриѓанец поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(36) од Охрид, за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 20.03.2020 година во 10.50 часот на ул.„Сатеска“ во Охрид, при извршена контрола во домот на пријавената, од страна на полициски службеници било констатирано дека таа не ги почитувала мерките за задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена.