25/04/2024
Македонија

Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање приведено лице

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО ГОКК- Одделение за гонење кривични дела сторени од полициски службеници поднесе кривична пријава против В.С. , полициски службеник вработен во ПС Центар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на служба“ по член 143 од КЗ на РСМ. Пријавениот полициски службеник на 28/29. 11.2019 во ПС Центар врз приведено и задржано женско лице применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба. Од извршениот увид во видео записот на ПС Центар евидентно е дека во случаите на употреба на физичка сила се исполнети елементите на кривичното дело. Против полицискиот службеник е поведена и дисциплинска постапка за утврдување на одговорност.