28/03/2024
Охрид

Кривична пријава за поранешна вработена во Фолклорно друштво во Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Џ.Б.(26) од Охрид за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

На 30.10.2018 година пријавената, поранешна вработена во фолклорно друштво од Охрид, неовластено пристапила на веб-страната сопственост на фолклорното друштво, и избришала податоци по што истата ја променила лозинката на електронската адресата.