20/04/2024
Струга

Кривична пријава за стружанец кој непостапувал според здравствените прописи за време на епидемија

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ј.Д. (44) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. При контрола извршена на 01.09.2021, полициските службеници констатирале дека тој не се придржува до решението за изолација издадено од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, со што ги прекршил одредбите за заштита на населението од вирусот Ковид-19.