16/04/2024
Охрид

Лазаревска: Нова економија

Изјава: Жаклина Лазаревска, кандидат за пратеник во ИЕ 5

Тема: Нова економија

Почитувани сограѓани, почитувани охриѓани.

СДСМ успеа за неполни три години да ја извади државата од финансискиот пустош во којшто беше оставена. Ја кренавме на нозе економијата во време кога се обезбедуваше слободата во општеството и кога се решаваа клучните стратешки прашања за државата.

Успешно се справивме и со економските ефекти на коронавирусот. Само неколку дена по прогласување на пандемијата го донесовме првиот сет економски мерки за најпогодените сектори од кризата со коронавирусот. Веднаш потоа следуваа уште два сета економски мерки за заштита на работните места но и за креирање на една нова, развојна, македонска економија . Се бориме за секое работно место, за секоја компанија. Прогнозите на Светска банка потврдуваат дека нашата земја најдобро ќе се справи со економскиот удар на кризата предизвикана од коронавирусот, од сите земји во регионот.

Од Министерството за финансии стигнаа убави вести:

Наплатата на приходите во јуни е значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. Реализацијата на приходите во јуни е за 9.6% пониска во однос на јуни минатата година, додека во сценариото бевме подготвени да бидат за 20% пониски.

По падот од 31% и 29% во април и мај во јуни се забележува позитивно придвижување и подобрена наплата кај даноците

Во новиот мандат уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми, а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции.

До крајот на мандатот ќе ја вратиме нашата економија на солиден и одржлив раст од 4%. Поддршка за домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што се отвораат.

Додека трае кризата, се обврзуваме да ја задржиме минималната плата во висина од 14.500 денари а по завршувањето на кризата, СДСМ ќе обезбеди раст на минимална плата до 40% до крајот на мандатот. Просечната плата до крајот на мандатот ќе порасне до 30%. Ќе продолжат да растат платите во образованието и здравството.

 Субвенции за придонеси за сите компании што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари по вработен.

Вложуваме нови 2 милијарди денари во активните мерки за поддршка на вработување и самовработување.

До 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата го намалуваме до 0%.

Целосен поврат на персоналниот данок за обука, дообука и преквалификација.

Субвенционирање од 49% на обуки за преквалификација и неформално образование.

Неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и жени за отворање сопствени бизниси во кои државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех.

Поврат на персонален данок за сите нововработени до 29 години во првите две години. Парите ќе одат директно на сметките на младите.

Нова повисока минимална пензија од најмалку 10.700 денари за сите.

Покажавме дека можеме. Гласајте за број три – МОЖЕМЕ уште повеќе, уште подобро! – истакна Лазаревска.