18/04/2024
Македонија

Лидерската средба на премиерот Ковачевски и претседателите на парламентарните партии е во тек

Денеска напладне во Собранието на Република Северна Македонија започна лидерска средба на претседателите на парламентарните партии, на покана од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

На лидерската средба која што со свое обраќање ја отвори премиерот Ковачевски, ќе се дискутира за европската иднина на Република Северна Македонија, како и за одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со широк политички и општествен консензус.

На средбата присуствуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на „ВМРО-ДПМНЕ“, Христијан Мицковски, претседателот на „Демократската унија за интеграција“, Али Ахмети, претседателот на „Алијанса за Албанците“, Арбен Таравари, претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши, потпретседателка на „Либерално демократска партија“, Моника Зајкова, претседателот на „Нова социјалдемократска партија“, Горан Мисовски, претседателот на „Социјалистичка партија на Македонија“, Љупчо Димовски, заменик-претседателот на „ВМРО–НП“, Љупчо Балковски, претседателката на „Демократска обнова на Македонија“, Маја Морачанин, претседателот на „Граѓанска опција за Македонија“, Стевчо Јакимовски, претседателот на „Партијата на пензионерите“, Илија Николовски, заменик-претседателот на „Партија за движење на Турците во Македонија“, Џабир Доко , претседателот на „Демократска Партија на Турците на Македонија“, Бејџан Иљас, претседателот на „Демократски Сојуз“, Павле Трајанов, претседателот на „Српска странка во Македонија“, Мирослав Јовановиќ, претседателот на „Демократска партија на Србите во Македонија“, Иван Столковиќ и претседателот на „Демократската партија на Албанците“, Мендух Тачи.

Целта на лидерската средба е во правец на обезбедување поддршка од страна на парламентарните партии со цел носење брзи и ефикасни одлуки во Собранието. Дел од темите за дискусија се скрининг процесот со ЕУ, сите клучни аспекти коишто се однесуваат на интегрирањето на државата во ЕУ, како и актуелната состојба со енергетската криза и мерките што ги презема Владата за справување со кризата.