28/03/2024
Струга

МВР и МПС пред жителите на Струга го објаснија концептот на полициско работење со заедницата

Отсекот за превенција при СВР Охрид, денеска во Струга, ја спроведе заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“. Целта на овој превентивен проект е доближување на полицијата до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Во рамките на проектот, полициски службеници од отсекот за превенција и ОВР Струга, на граѓаните им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентирана улогата на полицијата во заедницата, задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството која го гарантира редот, мирот, владеењето на законите, работи на сузбивање на криминалот и води борба со сите криминогени појави во општеството.