29/03/2024
Македонија

Министерот за култура Адеми на одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик

Во Владата на Република Македонија денеска се одржа свеченост по повод одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, 5 ноември. На свеченоста, пред присутните се обрати и министерот за култура Асаф Адеми …

Den_na_romite_600_1

„Одбележувањето на овој ден претставува значаен чекор во зачувувањето, развојот и афирмацијата на ромскиот јазик. Тој претставува  неделив дел од идентитетот на ромската заедница, кој заедно со богатата култура  се составен дел и од историјата на земјите во регионот.

Во тој контекст сакам да истакнам дека една од заложбите на Министерството за култура е токму негувањето и унапредувањето на традицијата и културата на сите народи што живеат во Република Македонија, вклучително и ромската заедница, притоа создавајќи услови за зачувување на нивниот национален и културен идентитет“, истакна министерот за култура Адеми.

Den_na_romite_600_-2

Тој пред присутните ги истакна заложбите на Министерството за култура  за поддршка на сите активности и проекти во рамките на Годишната програма од национален интерес кои се поврзани со негувањето на културата на Ромите во Република Македонија.

Свои обраќања пред присутните имаа и Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, Арбер Адеми, министер за образование и наука, Самка Ибраимоски, пратеник во Собранието, како и Вељко Кајтази, пратеник во Собрание на Република Хрватска.