20/04/2024
Македонија

Министерот за култура се обрати на првата јавна дебата по текстот на новиот закон за остварувањето на јавниот интерес во културата

Во присуство на бројни претставници на националните и локалните установи од областа на културата од сите градови низ земјава, како и претставници на еснафските здруженија од сите дејности, денеска во Кинотеката на Македонија се одржа првата јавна дебата што Министерството за култура ја организираше по текстот на новиот закон за остварувањето на јавниот интерес во културата …

На дебатата пред присутните се обратија министерот за култура Асаф Адеми, националниот координатор за култура Роберт Алаѓозовски, како и претседателот на работната група за подготовка на законот Златко Теодосиевски.

Во своето обраќање министерот за култура Адеми нагласи дека овој Закон претставува современа правна рамка за уредување на односите во областа на културата, со него ќе се создадат нормативни претпоставки за потемелни реформи во културата и ќе се пополнат правните празнини кои постоеја во нормирањето на културата. Тој додаде дека овој Закон нуди концепт на ослободена култура, култура која што нема да биде нормирана до сите детали и во многу нешта ќе биде спротивставена на желбите и надежите на творците и културните работници. Министерот за култура потенцираше дека веќе се организираше една јавна проверка на текстот на овој закон, односно истиот беше поставен на веб страницата на Министерството за култура и од јавноста беа побарани мислења, предлози и забелешки, додавајќи дека дел од нив, веќе се вградени во овој текст.

minister_-_kinoteka_2

Тој нагласи дека дека и останатите мислења, предлози и забелешки што ќе бидат изнесени на дебатата, во духот на транспарентноста и отвореноста на Владата и Министерството за култура, ќе бидат земени предвид при утврдувањето на конечниот текст.  Адеми дополни дека доколку се утврди потребата и од други средби со културната јавност, истите ќе се организираат не само во Скопје, туку и во други градови во државава.

Minister_-_Kinoteka_1