20/04/2024
Македонија

Министерот Спасовски на средба со новоименуваниот Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која

Денеска (19.09.) во Министерството за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски одржа средба со претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје, предводени од новоименуваниот шеф на мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата двајцата соговорници разговараа за повеќе теми и за области во кои што веќе постои заедничка соработка, како и за приоритетите за натамошна поинтензивна соработка. Притоа, посебен акцент беше ставен на изработката на низа стратешки документи важни за реформските процеси во рамки на Министерството за внатрешни работи, особено во делот на развојот на човечките ресурси, стручната и професионална едукација и развојот на полицијата.

Исто така, министерот Спасовски и амбасадорот Која разговараа и околу претстојниот референдум и активностите што МВР ги презема во рамки на своите надлежности со цел на 30 септември изјаснувањето на граѓаните да помине во најдобар ред.