20/04/2024
Македонија

Министерот Спасовски се приклучи на кампањата “Заокружи НЕ за насилство врз жени во политиката” на Националниот демократски институт

На мое големо задоволство се приклучувам на кампањата „Заокружи НЕ за насилство врз жените во политиката“ на Националниот демократски институт (NDI North Macedonia).

Битката е заедничка, а визијата е јасна – обединето општество и заеднички институционален пристап против насилството врз жените во политиката.

Да ги урнеме родовите бариери и да го израмниме полето на игра – со промена на наративот на стереотипи, да создадеме општество во кое жените на еднаков начин ќе ги практикуваат своите политички права во демократските процеси.

МВР има нулта толеранција за насилството врз жените. Полицијата е првата влезна инстанца во казнено-правниот систем, најчесто давајќи го и првиот одговор по пријава за насилство.

Затоа, за мене и за актуелното раководство на МВР императив е соодветен третман на жртвите на насилство со целосна заштита на процедуралните права, како и соодветен третман на сторителот и преземање на сите мерки за гонење, бидејќи насилниците не можат да живеат со вистината, но жртвите не можат да живеат без неа!

#ЗаокружиНе #НеЗаНасилство