19/04/2024
Македонија

Министерот Филипче дел од Министерскиот состанок на кој домаќин беше германскиот министер за здравство Јенс Шпан

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска во рамките на Берлинскиот процес учествував на министерски состанок на кој домаќин беше германскиот министер за здравство Јенс Шпан, а на истиот учествуваше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Споделивме досегашни искуства во борбата со корона вирусот, а говоревме и за активностите и мерките кои досега беа преземени. На состанокот разговаравме и за престојната есен колку мутациите на вирусот може да придонесат за поголем притисок врз здравствените ситеми, како и за важноста на процесот на вакцинација и дека имунизцијата е клучен фактор во борбата со Ковид 19.