19/04/2024
Македонија

Министерството за транспорт и врски стави на располагање вкупно 62.280 поединечни и месечни транспортни дозволи

На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Северна Македонија ја промени Уредбата за начинот за распределба, дистрибуција и ревизија на искористеност на дозволите за меѓународниот превоз на стока.

Со промената на Уредбата, а поради Ковид состојбата,  се менува периодот на издавање на ЕКМТ дозволите со што превозниците веќе можат да аплицираат за поединечните и месечните ЕКМТ дозволи за меѓународен транспорт на стока.  

Со тоа, на превозниците им се ставаат на располагање сите видови на дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски како би ја олесниле нивната секојдневна работа и тоа: 

  • 60.000 поединечни дозволи  
  • 2.280 месечни дозволи 

Би сакале да потенцираме дека промената на Уредбата е направена во согласност со барањата на Здруженијата и Асоцијациите на транспортери во Република Северна Македонија. 

Со промена на Уредбата се прецизираат и критериумите со кои превозниците ќе имаат доволно дозволи за покривање на сопствениот возен парк со рационално искористување на истите, а со цел да се обезбеди континуитет во дистрибуцијата на квотата на дозволи на Министерството за транспорт и врски.

Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски, градејќи го партнерскиот однос со транспортните здруженија, создава услови за континуиран и непречен транспорт на стока во домашниот и меѓународниот сообраќај.