29/03/2024
Македонија

МНР Никола Димитров на работен појадок со резидентните амбасадори на земјите членки на ЕУ

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на работен појадок со резидентни амбасадори на земји членки на ЕУ, организиран од страна на амбасадорката на Република Австрија во Република Македонија, Н.Е. Ренате Коблер, во својство на земја претседавач со Совет на ЕУ.

141218OA MNR Dimitrov raboten pojadok 9614

На состанокот, министерот Димитров првично се заблагодари за австриската поддршка и заложба за европските перспективи на земјите од Регионот за време на нивното претседавање.

141218OA MNR Dimitrov raboten pojadok 9594

Понатаму подетално ги брифираше амбасадорите за последните случувања на домашен план, пред сè поврзани со процесот на уставни измени во контекст на Договорот од Преспа.

Воедно даде преглед на клучните реформски активности, Планот 18 и позначајните ангажмани на домашен план поврзани со обврските кои произлегуваат од јунските заклучоци на Советот на ЕУ. Притоа, МНР Димитров ја нагласи посветеноста и решеноста, и покрај деликатноста на процесите да се продолжи по зацртаниот пат на европска интеграција.

141218OA MNR Dimitrov raboten pojadok 9625

Меѓу другото на состанокот беа разменети мислења и за последните случувања во Регионот и беше изразена надеж дека следниот јуни ќе биде донесена формалната одлука за почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

141218OA MNR Dimitrov raboten pojadok 9633