20/04/2024
Македонија

МТСП: Ги повикуваме сите пратеници да гласаат за социјалната реформа, со неа се извлекуваат од сиромаштија околу 400 илјади граѓани

Законите од социјалната и детската заштита со кои Министерството за труд и социјална политика ја спроведува социјалната реформа влегоа во собраниска процедура. По нивното донесување кое се очекува после новогодишните празници стартува суштински процес за извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија.

Со овие реформи гарантираме подобар живот, намалување на сиромаштијата и еднакви шанси за секое дете, но и активација на невработените на пазарот на труд. Ги повикуваме пратениците да гласаат за социјалната и детската реформа со што ќе покажат дека општеството е зрело за позитивни промени кои ќе значат многу за намалување на детската сиромаштија. Со реформите пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Исто така типично четири члено семејство место досегашните 3.000 денари социјална помош ќе зема гарантиран минимален приход од над 10.000 денари, односно секое домаќинство ќе добива паричен надомест според социјалниот ризик во кој што се наоѓа.

Изминатата година беше исполнета и многу успешна за Министерството за труд и социјална политика. Реализацијата на процесите со коишто градиме праведно и хумано општество, а коишто ги почнавме во 2018 продолжуваме посветено да ги спроведуваме и идната година.

МТСП посакува среќна Нова година и Божиќни празници. Во 2019 продолжуваме да работиме со исто темпо. Секој ден од годината е важен, а празниците да ни останат инспирација да направиме што повеќе еден за друг и за општеството во кое живееме.