07/12/2025
Македонија

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи во понеделник, од среда стабилизација и потопло

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура..