29/03/2024
Македонија

Одземени 5 возила со бесправно исечени дрва во штипско

На 08.09.2021 од страна на полициски службеници при СВР Штип, во содејство со шумска полиција и претставници од Национални шуми – „Серта“ Штип, преземени се мерки со цел спречување на бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, при што при извршена опсервација на подрачјето на селата Шашаварлија, Никоман, Калапетровци, Кошево и Почивало биле пронајдени и одземени 5 моторни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а при прегледот на терен биле пронајдени и одземени три моторни пили и еден мобилен телефон.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип. Одземените возила и бесправно исечените дрва се предадени на шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.