26/04/2024
Македонија

Оздравени се 36 пациенти, потврдени нови 22 случи на ковид 19, вкупната бројка на дијагностицирани 1421, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти во: Скопје 19, Куманово 1, Штип 5, Прилеп 4, Тетово 1, Струга 1, Велес 3, Гостивар 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на 58 години, хоспитализиран на клиниката од 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана од 12 април. Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на КОВИД-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Струга 1, Велес 3, Кавадарци 2, Гостивар 2 и Неготино 1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761. Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје 486
  • Куманово 378
  • Дебар 51
  • Штип 34
  • Прилеп 143
  • Тетово 75
  • Струга 65
  • Велес 69
  • Битола 19
  • Охрид 15
  • Кавадарци 7
  • Гостивар 17
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 5
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 28
  • Пробиштип 2
  • Кичево 2
  • Неготино 5
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 1
  • Валандово 1
  • Виница 2

Направените 362 теста се преку: ИЈЗ – 203, Ветеринарен факултет – 8, Авицена – 11, Биотек – 45, Филип Втори (Жан Митрев) – 48, Систина со PCR метода – 25 и МАНУ – 22. Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се 3 пациенти, 25 се со потешка клиничка слика и на кислородна маска.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 28 пациенти. Со потешка клиничка слика се 3 пациенти, а на респираторна машина вкупно 6.

Во болницата во Битола се лекуваат 6 пациенти, а на домашно лекување се следат 8. Во Штип на болничко лекување има 2, а на домашно се следат уште 6 пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар, Охрид, Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на КОВИД-19.