20/04/2024
Македонија

Оздравени се 38 пациенти, потврден 21 нов случај на ковид 19, вкупната бројка на дијагностицирани 1442, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти во: Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина  пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат на ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

  •        Скопје – 493
  •        Куманово – 384
  •        Дебар – 51
  •        Штип-34
  •        Прилеп –147
  •        Тетово – 76
  •        Струга – 66
  •        Велес – 69
  •        Битола –19
  •        Охрид –15
  •        Кавадарци – 5 
  •        Гостивар –17
  •        Гевгелија – 4
  •        Струмица – 2
  •        Крива Паланка-5
  •        Радовиш – 4
  •        Крушево – 3
  •        Кочани – 28
  •        Пробиштип – 2
  •        Кичево – 2
  •        Неготино -7
  •        Демир Хисар – 1
  •        Македонски Брод -2
  •        Пехчево- 2
  •        Делчево-1
  •        Валандово -1
  •        Виница – 2

Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода  -12  и МАНУ – 8.  Досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, кои истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.