19/04/2024
МакедонијаСтруга

Османи: Во СЕП е сконцентрирана најсилната експертиза за успешен старт на преговорите во 2019

Денеска во хотел „Изгрев” во Струга, започна годишната конференција на Секретаријатот за европски прашања, на која, под работен наслов „Исчекор 2019“, вработените во СЕП, предводени од Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во следните три дена, ќе ги сумираат резултатиоте од процесот на европски интеграции во 2018 година, како и обврските, перспективите но и предизвиците кои ја очекуваат земјава во наредната 2019 година.

„Без лажна скромност, улогата на Секретаријатот за европски прашања изминатава 2018 година беше исклучително успешна, на што сум особено горд, а што е потврдено и од бројните соработници, меѓународни пријатели, но како поврда се покажува и во сите истражувања на јавното мнение“, истакна Османи во своето воведно обраќање. Во иста насока Османи ја посочи претстојната 2019 година како година кога СЕП ќе преземе уште поголем товар во предводењето на општествените процеси во земјава, имајќи ги предвид преговорите кои се очеквуа да добијат финализација во на јунските самити.

„Верувам во стручноста и капацитетите на СЕП да го предводат овој процес, и верувам дека во 2019 гоидна ќе ја оправдаме довербата која ни ја укажува државата, Владата, меѓународната заедница, но и севкупно, јавноста“ изјави Османи пред присутните, најавувајќи зголемвуање на капацитетие и на СЕП, како водечка институција во преговорите, но и воопшто на целата преговарачка структура која како галвен преговарач ја предводи.

На стартот на конференцијата свое воведно обраќање имаше и заменикон на Османи во преговарачкиот тим и главен технички преговарач Бојан Маричиќ, кој ја претстави преговарачката структура, псотавеноста на работните групи, а зборуваше и за очеквуњата од СЕП, на експерстко и технилко ниво, како главен костур на самата преговарачка структура.

На конференцијата се обратија и Државната секретарка во Секретаријатот за евроски прашања, Калинка Габер и Државниот советник за европски политики и координација, Драган Тилев кои зборуваа за очекувањата од СЕП, за капацитетите со кои располага институцијата и начините за нивно унапредување.

Годишната конференција на Секретаријатот за европски прашањ се одржува традиционално кон крајот на годината на која Секретаријатот врши целосен преглед на состојбата, напредокот, предизвиците и перспективите на европските интеграции. Од денеска во наредните три дена на голем број работилници кои се во склоп на годишната конференција ќе се направи анализа на досегашниниот евроинтегративен процес, ќе се анализираат предизвиците, капацитетите, а се со цел соодветна подготовката на Секретаријатот за европски прашања за претстојниот процес на преговори.