24/04/2024
Охрид

Охридската полиција приведе лице од Тетово поради пронајдени нелегални пиротехнички средства

На 02.12.2020 во 15.45 часот, на плоштад „Крушевска Република“ во Охрид е лишен од слобода К.Б.(38) од Тетово, бидејќи при преглед кај него полициските службеници пронајдоа 19 пакувања со вкупно 919 парчиња нелегални пиротехнички средства. Истите се одземени, а против К.Б., кој е приведен, ќе биде поднесена кривична пријава.