19/04/2024
Охрид

Охриѓанец физички нападнал малолетник и со закана со остар предмет му го одзел мобилниот телефон

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ч.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „загрозување на сигурноста“.

На 09.09.2021, пријавениот физички нападнал малолетник и со закана со остар предмет му го одзел мобилниот телефон. На 10.10.2021, пријавениот со остар предмет се заканил на Д.А., по што бил лишен од слобода и изведен пред судија.