29/03/2024
Македонија

Повик на ЕУ за развој на социјални услуги

Делегацијата на Европската Унија објави повик за пријави за грант за развој на социјални услуги во Република Северна Македонија. Главната цел на повикот е да се поддржи спроведувањето на процесот на деинституционализацијата и да се зајакне вклучувањето на децата и лицата со попреченост во општеството, преку развој на одржливи социјални услуги во заедницата, во прв ред, услуги за поддржано живеење (домување) во заедницата. Деталите за повикот, oбјавен во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика ИПА II 2017, се достапни на следниот линк.

Министерството за труд и социјална политика ги става на располагање стратегиските документи поврзани со деинституционализацијата на заинтересираните граѓански организации и други можни учесници на повикот:

  • Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија 2018-2027 „Тимјаник“Акциски план МКД    ENG    ALB