19/04/2024
Македонија

Почина м-р Ристо Палигора, советник конзерватор за заштита на ѕидното сликарство

Почина м-р Ристо Палигора, советник конзерватор за заштита на ѕидното сликарство, фрески и фрескоживопис вработен во НУ Завод и музеј – Битола  …

risto-paligora-203676_1

Палигора е роден во 1961 година во Битола и беше познат експерт во државава од областа на конзервацијата и историјата на уметноста. Тој учествуваше во конзервацијата на поголем дел од верските објекти во Битола и во Битолско и се залагаше за поголема заштита на историско-културното богатство во овој регион. Палигора беше вклучен и во изработката на проектот за заштита на црквата „Св. Ѓорги“ во селото Курбиново, Преспа.

Беше автор на голем број дела посветени на уникатноста и заштитата на културното наследство, а последната книга, која беше посветена на Влашката црква во Битола, ја објави еден месец пред да почине.