29/03/2024
Македонија

Премиерот Заев на свеченоста на која се обрати премиерот Мицотакис на конференцијата на „Економист“

Премиерот Зоран Заев присуствува на свечената гала вечера на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

На гала вечерата присуствуваат министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, поранешниот француски премиер, Доминк Де Вилпен, амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, како и бројни дипломати, бизнисмени, стопанственици. 

Премиерот Заев утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.

Во текот на утрешниот ден ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија.

Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката. 

На економскиот форум во Атина, присутни се и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Економската соработка меѓу двете земји по потпишување на Договорот од Преспа се зацврстува и интензивира.