29/03/2024
Македонија

Претрес во Скопје, пронајден килограм марихуана, приведен дилер

Денеска (20.03.2023) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на С. Т. (38) во Скопје. При претресот пронајдени се четири најлонски кеси со околу 800 грама марихуана и две стаклени тегли со околу 200 грама марихуана и седум куршуми.

Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.