20/04/2024
Македонија

Приведени двајца криумчари, откриени 26 мигранти од Сирија

На 12.10.2022 во 20.30 часот кај место викано „Чештево“ во Валандово, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода С.С.(45) од Скопје и П.К.(20) од Република Србија, затоа што со патнички возила превезувале лица мигранти од Сирија.

Околу 14.40 часот на локалниот пат за с.Казандол, валандовско, полициски службеници забележале две патнички возила „шкода“, едното со скопски регистарски, а другото со српски национални ознаки, натоварени со мигранти. Кога ја забележале полициската патрола, возилата застанале, по што возачите и лицата мигранти се дале во бегство.

Набргу, по преземени мерки, во близина на возилата биле пронајдени 26 лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка, а по пребарување на теренот, во 20.30 часот, биле пронајдени и лишени од слобода С.С. и П.К.. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во консултација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 418 од Кривичниот законик.