18/04/2024
Македонија

Приведени три лица од Скопје, пронајдени насади од „канабис сатива“ (Видео)

На 16.06.2021 околу 18.00 часот во реонот помеѓу тетовско Нераште и скопска Радуша, од левата страна на реката Вардар, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(24), Р.К.(30) и И.Т.(26), тројцата од Скопје, поради сомнение дека одгледувале „канабис сатива”. На локацијата каде што биле затекнати, биле откриени околу 100 стебла-насади „канабис сатива”, дел засадени во земја, а дел во саксии.

Пронајдените стебла со други предмети биле подигнати за понатамошна постапка, а по насоки од Јавен обвинител лицата биле задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на нартотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

https://www.youtube.com/watch?v=-OYD-x0A0-U