28/03/2024
Македонија

Приведени три лица поради сомнение дека го предизвикале пожарот над скопско Страхојадица

Денеска (07.08.2021) од страна на полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода три лица, поради основано сомнение дека го предизвикале пожарот за кој утрово во 05.28 часот било пријавено дека настанал над с.Страхојадица, скопско, при што била опожарена сува трева и нискостеблеста шума.

Полициските службеници на местото од каде започнал пожарот затекнале две возила и лица кои се обиделе да избегаат, но биле фатени, а во непосредна близина на возилата биле пронајдени остатоци од стопени кабли. Лицата се приведени и се работи на расчистување на случајот, а пожарот бил локализиран од полициските службеници.