24/04/2024
Македонија

Приведено лице барано по потерница за издржување двегодишна затворска казна

На 06.04.2022 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.С.(29) од Куманово. Тој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.

И.С. бил спроведен до Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.