29/03/2024
Македонија

Приведено лице од гостиварско за издржување на затворска казна

На 31.07.2021 во 09.30 часот во Гостивар од полициски службеници од Полициската станица Гостивар, по добиена судска наредба, бил приведен Г.О.(45) од с.Равен, гостиварско. Тој се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори“, по член 215 од Кривичниот законик.

Г.О. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.