20/04/2024
Македонија

Приведен крадец во Скопје за издржување казна затвор

Денеска (02.11.2021) во 11.45 часот на ул.„Тодор Чангов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле М.П.(53) од Скопје. Тој се барал за издржување на казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

М.П. ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.