25/04/2024
Македонија

Приведен криминалец баран по централна потерница за издржување на 14 години казна затвор

На 25.03.2022 во 18.20 часот на ул.„Втора македонска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.(60) од Велес, со живеалиште во Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која се барал за издржување казна затвор од 14 години за сторени кривични дела по член 394, член 316, член 247, член 259, член 261 и член 396 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведнео во казнено-поправна установа з аиздржување на казната.