24/04/2024
Струга

Приведен маж од Велешта барано по потерница за издржување на казна затвор од 13 години

На 29.09..2021 полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Струга го лишиле од слобода И.Н.(54) од струшкото село Велешта, кој се барал по распишана потерница од Основниот суд во Струга, за издржување на казна затвор од 13 години. И.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на затворската казна.