20/04/2024
Македонија

Приведен тетовец кој сторил десетина измами

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (10 март) околу 14 часот и 30 минути, во близина на крстосницата на улиците “Иво Лола Рибар” и “Благоја Тоска” во Тетово, го лишиле од слобода 35-годишниот тетовец Ш.Ш, поради сомнение дека извршил десетина различни измами на тетовско-гостиварското подрачје, во периодот од септември минатата до март оваа година, кривично дело казниво по член 247 од Кривичниот законик.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и по целосно расчистување и документирање на случаите ќе му биде изготвен соодветен поднесок.