28/03/2024
Охрид

Пронајдена дрога кај охриѓанец кај местото викано „Алтанин мост“

На 17.11.2021 во 13.00 кај место викано „Алтанин мост“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.Б.(29) од Охрид.

При контрола на патничко возило, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 14 фолии со семки од растението канабис. По целосно документирање на случајот против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.