28/03/2024
Македонија

Работна средба во Подгорица за подготовка на Меморандум за соработка за дизајнирање на Меѓународен институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии

На 5 март во Подгорица заменик министерот за образование и наука проф д-р Петар Атанасов, во својство на член во Управниот комитет на Меѓународниот институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии, присуствуваше на редовна работна средба на комитетот. На средбата, која беше иницирана од министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ, претставници на повеќе земји од регионот работеа на усогласување на Меморандумот за соработка за дизајнирање на Меѓународниот институт на Југоисточна Европа за одржливи технологии.

Средба со министерката за наука на Црна Гора Сања Дамјановиќ

Овој институт има за цел во регионот да воспостави нова технологија за медицински цели, но и да етаблира институт во кој научниците од регионот ќе може заедно да истражуваат и да ја усовршуваат технологијата на 21 век. Голем придонес за поставување на еден ваков Меѓународен институт даваат неколку познати европски научноистражувачки центри. Се очекува во наредните неколку месеци да биде потпишан Меморандумот за соработка од страна на премиерите на девет земји од Југоисточна Европа.