29/03/2024
Македонија

Разбиена организирана криминална група, петмина приведени, за тројца одреден притвор

На 03.10.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со ОВР Кичево, во координација со СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции, ги лишија од слобода Е.И.(28) од Скопје, А.К.(33) од Скопје, Н.А.(47) од Кичево, како и В.Б.(38) од Кичево и Ф.М.(26) од Прилеп. По претходно преземени мерки и активности и добиена судска наредба, извршени се претреси во дом и други простории кај петте лица, при што се пронајдени и одземени куршуми, марихуана, прашкаста материја и разни други предмети кои потекнуваат од кривични дела. Со ова се расчистени и две кривични дела „разбојништво“, извршени во декември 2020 и јануари 2021 година, од кои едното со смртни последици. Петте лица се приведени за понатамошна постапка.

Од Одделението за внатрешни работи Кичево против Е.И., А.К. и Н.А. е поднесена кривична пријава за тешки дела по член 237 од Кривичниот законик и тие се предадени ОЈО Кичево, при што од страна на судија од Основен суд Кичево ним им е изречена мерка притвор. На В.Б. и Ф.М., пак, од страна на ОВР Кичево и ОВР Прилеп ќе им бидат поднесени пријави по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.