19/04/2024
Македонија

Расчистен случај на физички напад од малолетник врз негов врсник, следува соодветна пријава

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 од Кривичниот законик.

На 27.09.2022 на ул.„Рокомија“ во Скопје, тој со остар предмет нападнал и повредил друг 14-годишен малолетник од Скопје. По преземени мерки и активности, тој бил пронајден и приведен и во присуство на родител со него бил извршен службен разговор во полициска станица.