29/03/2024
Македонија

Санкционирани и исклучени од сообраќај 15 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол на подрачјето на СВР Штип

На 18/19.12.2021, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, полициски службеници спроведоа зајакната акциска контрола на подрачјето на СВР Штип за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 15 возачи.

Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а три возачи кои одбиле алкотестирање со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 30 останати прекршоци.

Апелираме до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата.